x

Првиот вистински 8 јадрен процесор!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 28 Јули, 2013 од GSM.mk

Во текот на изминатиот месец се пласираа голем број на шпекулации за нов осумјадрен процесор од MediaTek. Конечно, вчера компанијата излезе со официјална изјава дека го креирале првиот вистински 8 јадрен процесор..

Веројатно повеќето од вас ќе се запрашаат што е со Exynos 5 Octa, 8 јадрениот процесор на Samsung Galaxy S4?

Тој процесор може да има само 4 активни јадра истовремено, што значи дека не е вистински 8 јадрен процесор. Од друга страна, новиот процесор на MediaTek може да ги користи сите 8 јадра истовремено, правејќи го побрз и помоќен. Ова доведува до поголеми перформанси во игрите, сурфање и побрзо декодирање на FullHD видеа. Процесорот оствари над 30,000 поени на AnTuTu бенчмаркот, со што се наоѓа меѓу самиот врв на перформансите.

Да бидеме реални, доколку Samsung стоеше како име на процесорот наместо MediaTek, дури и Барак Обама ќе се јавеше да им честиташе за достигнувањето. Бидејќи ова е релативно непозната компанија, само мал број на портали ја пренесоа веста. Бизнисот е суров...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.