x

PS4 игрите ќе користат 5,5GB RAM

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 27 Јули, 2013 од GSM.mk

Познато е дека новата конзола на Sony, PlayStation 4, ќе поседува 8 гигабајти RAM, но засега немавме детали за тоа како ќе го користат игрите. Дечките од Digital Foundry веруваат дека ги откриле специфичностите..

Според внатрешните документи на Sony, откриено е дека PS4 игрите ќе може да користат до 5,5GB од вкупните 8GB што ги поседува конзолата. Оваа бројка е одбрана намерно за да биде повисока од онаа на Xbox One.

Она што е интересно е дека 3,5GB ќе бидат резервирани специфично за оперативниот систем. На нас тоа ни изгледа премногу, но очигледно Sony има некои свои планови. Кога би се собрале 5,5GB и 3,5GB, доаѓаме до бројка од 9GB, што очигледно не е реално. Целата „финта“ лежи во тоа што PS4 игрите ќе имаат резервирано 4,5GB RAM, но по потреба ќе можат да „украдат“ уште 1GB од оперативниот систем.

Според Digital Foundry, оваа опција за користење на системската RAM меморија не е едноставна и најверојатно само компаниите кои ќе развиваат ексклузивни наслови за PS4 ќе можат да ја користат на почетокот.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.