x

Рачната конзола Lenovo Legion Play пристигнува на пазарот

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 05 Октомври, 2021 од GSM.mk

Компанијата Lenovo се подготвува да ја претстави рачната конзола Legion Play која го користи оперативниот систем Android.

Legion Play ќе биде ривал на рачната конзола Steam Deck како и на Nintendo Switch. Компанијата Lenovo требаше да го претстави својот модел за време на Mobile Word Congress, но тоа не се случи.

Уредот е опишан како Android cloud gaming конзола која им овозможува на гејмерите да играат видеоигри на мобилните уреди и да прават стрим на своите PC игри, а сето тоа во еден уред.

Legion Play има 7-инчен FHD екран со HDR 10 поддршка и формат 16:9. Има два звучника, а го напојува батерија од 7.000 mAh.

Конзолата користи модифицирана верзија на Android, a поддржува и Nvidia GeForce Now платформа.

Наскоро ќе дознаеме кои стриминг сервиси ќе ги поддржува конзолата, како и остатокот од спецификациите.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.