x

Распродажба на Xiaomi Mi 8 за само една минута во Кина!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Јуни, 2018 од GSM.mk

Mi 8, новиот уред на Xiaomi, беше најавен минатата недела, а неговата продажба започна денес - не е никакво изненадување дека смартфонот веднаш стана популарен и се распродаде за кратко време...

На Xiaomi Mi 8 му беше потребно помалку од минута време да се распродаде - поточно, 37 секунди. Најверојатно, за големата популарност и брза распродажба најзаслужна е неговата цена. По цена од 420 долари, Mi 8 нуди одлични спецификации, слични на iPhone X.  

Во дизајнот, уредот наликува на iPhone X, со својот 6.2 инчен дисплеј кој го опфаќа целиот преден дел на уредот и тенките рамки од страна. Во внатрешноста се наоѓа најновата технологија, со Snapdragon 845 и 6GB RAM. Оние кои се заинтересирани за Mi 8, може да бираат меѓу 64GB, 128GB или 256GB меморија. На задната страна, се наоѓаа две 12 мегапикселни камери со AI технолгогија, а за вашите селфи фотографии ќе се погрижи камерата од 20 мегапиксели. Слично како iPhone X, Mi 8 нуди 3D технологија за препознавање на лицето, што го прави првиот Android смартфон со ваква функција. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.