x

Razer Phone 2: Најдобриот гејмерски телефон досега?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Октомври, 2018 од GSM.mk

2017-та беше возбулдива година во светот на смартфоните, бидејќи се појавија многу уникатни уреди со интересни спецификации. Некои, како Essential Phone, сеуште се немаат вратено на пазарот, а други, како Razer се спремни за втора рунда. Ова е Razer Phone

Кога се појавија неофицијалните фотографии од Razer Phone 2, на многумина неговиот дизајн им беше идентичен со оној на неговиот претходник. Според компанијата, коцкастиот изглед е тука за да остане, но во однос на другите аспекти е речиси целосно изменет. 

Почнувајќи од предниот дел, се наоѓаат два големи стерео звучници, кај кои може нема визуелно да ја забележите разликата, но дефинитивно ќе ја слушнете. Дисплејот на Razer Phone 2 истотака доаѓа со подобрувања. Станува збор за 5.7 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 1440 x 2560 пиксели и 16:9 сооднос.

Razer Phone 2 Hands-On: The gaming daily driver becomes more drivable

Преминувајќи на задната страна, смартфонот доаѓа со нова, стаклена конструкција, како и нов дуален систем камери. Двете камери се од 12 мегапиксели со телефото и широкоаголни леќи, како и оптичка стабилизација. Селфи камерата од 8 мегапиксели истотака звучи ветувачки. 

Razer Phone 2 Hands-On: The gaming daily driver becomes more drivable

Во внатрешноста се наоаѓа Snapdragon 845, придружен од 8GB RAM и 64GB меморија. Со цел да ги издржи секојдневните задачи, како и гејмерските перформанси, батеријата е со капацитет од 4000 mAh. 
Користејќи го истиот Vapor Chamber систем, заедно со најновиот Qualcomm чип, компанијата ветува 30% подобри гејмерски перфроманси во целост.
Цената на Razer Phone 2 е 799 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.