x

Razer Phone 2 пристигнува на 10 октомври!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Септември, 2018 од GSM.mk

Откако се појавија спецификациите и фотографии од дизајнот на Razer Phone 2, сега го имаме и официјалниот датум на претставување на уредот..

Имено, според поканите кои ги има испратено Razer, официјалниот даум на претставување на Razer Phone 2 ќе биде 10 октомври. 

Еден до друг, новиот Razer модел со стариот изгледаат речиси идентично, со 5.7 инчниот дисплеј. Интересно е што новата верзија има подебели рамки околу панелот од старата, спротивно од она што го гледаме кај останатите смартфони на пазарот. Како и да е, од новата верзија очекуваме да работи на Snapdragon 845, Android 9 Pie и да нуди 512 GB меморија. Истотака, батеријата со капацитет од 4000mAh би требало да се најде и во новата верзија.

Оригиналниот Razer во моментов е достапен за 300 долари, половина од вообичаената цена од 700 долари по која се продаваше. Но, тоа не е никакво изненадување, бидејќи компанијата веројатно прави место за Razer Phone 2, чија официјална продажба ќе започне од 24 октомври. 

The Razer Phone 2 will be unveiled on October 10th

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.