x

Разоткриени славните личности со најмногу лажни фанови и следбеници на Instagram

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Октомври, 2019 од GSM.mk

Купувањето лажни профили на Instagram не е новост, но листата на ICMP покажува дека со тој трик се послужиле и најголемите светски ѕвезди. Некои актери, пејачи и спортисти имаат скоро половина лажни фанови на социјалната мрежа.

Според истражувањето, Елен Деџенерис има дури 58 проценти лажни фанови од вкупните 74 милиони и 400 илјади следбеници. Пејачката Аријана Гранде од 160 милиони фанови има 74 милиони лажни, Мајли Сајрус од 97 милиони има 45 милиони лажни фанови, а Лејди Гага има дури 14 милиони непостоечки фанови од вкупно 36,8 милиони.

Оваа листа дефинитивно добро ќе им дојде на компаниите кои на ѕвездите им плаќаат големи суми за рекламирање на социјалните мрежи. Неодамна беше откриено дека Кајли Џенер за еден пост добива околу 900.000 долари, а според ICMP од 143 милиони следбеници на Instagram околу 44 милиони воопшто не постојат.

На листата со лажни фанови се Лука Модриќ, Андрес Иниеста, Давид Луиз, Филипе Кутињо, Нејмар, Ники Минаж, Дрејк, Џастин Бибер, Пријанка Чопра и други.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.