x

Realme GT пристигнува во Европа, ќе чини околу 400 евра

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Јуни, 2021 од GSM.mk

Смартфонот Realme GT ќе се продава на европскиот пазар, а сега е позната и неговата цена.

Се појавија и фотографии од смартфонот Realme GT кои го откриваат изгледот и верзиите на уредот наменети за купувачите во Европа.

Realme GT на Стариот континент ќе чини 400 евра и тоа за верзијата со 8 GB RAM и 128 GB, a верзијата со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија ќе чини 450 евра.

Се очекува дека ќе има 6,43-инчен OLED екран со фреквенција на освежување од 120 Hz, батерија од 4.500 mAh, главна камера од 64, ултраширока од 8 и макро камера од 2 MP.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.