x

Realme X3 Superzoom наскоро пристигнува на европскиот пазар

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 28 Мај, 2020 од GSM.mk

Новиот смартфон на Realme конечно пристигнува на европскиот пазар и ќе се продава по цена од 499 евра.

Моделот X3 Superzoom има перископски зум објектив кој досега е вграден само на Samsung Galaxy S20 и моделот Oppo Find X2 Pro.

Овој објектив има сензор од осум мегапиксели кој овозможува зголемување до пет пати, заедно со примарната камера од 64 мегапиксели.

Х3 Superzoom има 6,6-инчен екран со резолуција од 1080 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. Од предната страна е селфи камерата од 32 и 8 мегапиксели.

Уредот поседува Snapdragon 855+ процесор и батерија од 4.200 mAh.

Ќе биде достапен во бела и сина боја.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.