x

Red Dead Redemption заработи 725 милиони долари за само три дена

Категорија: Занимливости Објавено на 03 Ноември, 2018 од GSM.mk

По долгите одложувања, вечните најави и мал милион споредни работи, видеоиграта „Red Dead Redemption 2“ конечно ја доживеа премиерата минатата недела и го воодушеви целиот свет, а гејмерите имаат само пофални зборови за неа.

Повеќето портали за гејминг ја оценија „Red Dead Redemption 2“ со чиста десетка, што веројатно предизвика играта да се продава толку добро.

За само три дена откако започна продажбата, „Red Dead Redemption 2“ ѝ донесе 725 милиони долари на Rockstar, компанијата која стои зад огромен број култнио видеоигри, меѓу кои и серијалот „Grand Theft Auto“. Засега не е познато колку примероци се продадени, но таа информација би требало да биде достапна до крајот на оваа недела.

Од Sony се изненадени од популарноста на играта и наведоа дека „Red Dead Redemption“ е игра со најголем број копии продадени во претпродажба и најдобра стартна продажба од било кој друг наслов што досега се појавил на PlayStation.

Сепак цифрата од 725 милиони заработени по првите три дена сепак не беше доволна за „Red Dead Redemption 2“ да стане рекордер во игра со најбрза продажба. На самиот врв се наоѓа уште една видеоигра на студиото Rockstar – „GTA 5“, која за три дена успеа да заработи нешто повеќе од една милијарда долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.