x

Redmi за 1 минута продаде 100.000 примероци од смартфонот K40 Gaming

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Мај, 2021 од GSM.mk

Брендот на Xiaomi минатата недела го претстави својот нов смартфон K40 Gaming наменет за гејмери, а побарувачката за овој смартфон е голема.

За само 1 минута од почетокот на продажбата, Redmi продаде 100.000 примероци од смартфонот K40 Gaming. Се продаваат и најевтиниот модел со 5 GB RAM и 128 GB интерна меморија, но и најскапиот со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија. Цените се движат од 310 о 420 долари, зависно од моделот.

Уредот го движи Dimensity 1200 процесор, а доаѓа со 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 2.400х1.080 пиксели, фреквенција на освежување од 120 Hz и формат 20:9.  Екранот е заштитен со Gorilla Glass 5.

Позади се наоѓа широката камера од 64, ултрашироката од 8 и макро камера од 2 MP. Селфи камерата има 16 MP.

Го напојува батерија од 5.065 mAh која поддржува 67W брзо полнење и до 100% се полни за 42 минути.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.