x

Редок и функционален Apple 1 продаден на аукција

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Октомври, 2018 од GSM.mk

Стив Џобс и Стив Возниак произвеле околу 200 Apple-1 компјутери во текот на неполни 10 месеци и продале 175 од нив во 70-тите години на минатиот век. Сега, целосно функционален и екстремно редок ваков уред го привлече вниманието на колекционерите.

На аукција одржана во Бостон Apple -1 беше купен од анонимен бизнисмен за сума од 375.000 долари.

Новиот купувач доби оригинална матична плоча, тастатура, монитор и други делови. Претходно, компјутерот беше рестарвиран и подготвен за продажба од експертот Кори Коен. Станува збор за уред кој воопшто не бил модифициран. Компјутерот е еден од само шеснаесетте за кои е познато дека се целсно оригинално функционални. Претходно, уредот бил купен за 300 долари и сопственикот се обидел да му го продаде на Возниак за 10.000 доалри.

Претходните верзџии на Apple 1 достигнаа цена од 130.000 до 800.000 долари на аукциите. Уште 79 вакви компјутери чекаат на продажба.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.