x

Рендерите го открија изгледот и перформансите на Nokia 7.3!

Категорија: Занимливости Објавено на 28 Септември, 2020 од GSM.mk

Рендерите кои се појавија на интернет го открија изгледот за претстојниот смартфон Nokia 7.3.

Иако се очекуваше дека Nokia 7.3 ќе биде претставена на 22 септември, тогаш беа претставени моделите Nokia 2.4 и Nokia 3.4.

Додека ги чекаме официјалните информации за Nokia 7.3, OnLeaks ги објави рендерите кои го откриваат изгледот на новиот смартфон.

Nokia 7.3 има 6,5-инчен екран со Full HD+ резолуција.

Шпекулациите се дека новиот Nokia 7.3 има Qualcomm Snapdragon 690 процесор.

Напред е сместена камерата од 24 MP, a на задната страна се наоѓа камерата од 48 MP. Уредот го напојува батерија од 4.000 mAh која поддржува 18W брзо полнење.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.