x

Рендерите го открија изгледот на Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 29 Јули, 2021 од GSM.mk

Motorola на 5 август ќе претстави три нови смартфони, а нивниот изглед го открија новите рендери. Се работи за моделите Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite.

На рендерите се гледа дека сите три модели имаат три задни камери, но и поинаков дизајн и леќи.

Motorola Edge 20 Lite има поинаков модул со три кружни камери. Сензорот за отпечаток на прст е интегриран во копчето за отклучување на уредот.

Moto Edge 20 доби три задни камери и LED блиц.

Moto Edge 20 Pro е флегшип со перископска камера над двете камери – главната од 108 и ултрашироката камера.

Сите три уреди користат Android 11 и поддржуваат 30W брзо полнење. Задните панели се направени од пластика која изгледа како стакло, а Edge 20 Pro ќе има Blue Vegan Leather опција која ќе го олесни ракувањето со уредот. 


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.