x

Решението за проблемот со полнење на iPhone XS пристигнува со iOS 12.1

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 06 Октомври, 2018 од GSM.mk

Некои корисници забележија дека нивните iPhone XS и XS Max телефони не се полнат доколку нивниот екран е исклучен кога ќе го приклучат кабелот за полнење, а од компанијата Apple најавија дека тоа ќе биде решено со апдејтот на iOS 12.1.

Проблемот настанува кога корисниците го приклучуваат нивниот iPhone на полнење додека екранот на телефонот е изгасен, но уредот можеше да се полни безжично, без разлика на состојбата на екранот.

Во Apple се свесни за тоа и подготвуваат нова верзија на оперативниот систем iOS која би требало да го реши проблемот со полнењето. Во моментов надградбата на iOS е достапна во бета верзија и се очекува да пристигне за iPhone и iPad уредите нешто подоцна оваа есен.

Бета програмот на Apple е отворен за јавноста од почетокот на 2015 година, но им се препорачува само на оние корисници кои не зависат од само еден iPhone уред, како и на оние кои се подготвени да се справат со можните проблеми.

Доколку не сте подготвени за бета, тогаш извадете го вашиот кабел за полнење и повторно ставете го за да го почнете процесот на полнење. Ако ни тогаш вашиот iPhone не почне да се полни, почекајте десетина секунди и процесот ќе започне. Во секој случај, овој проблем ќе се реши кога ќе пристигне новиот iOS 12.1.

Дури и кога Apple ќе понуди нов софтвер на пазарот, секогаш може да се случи да има багови кои не се појавуваат на самиот почеток, туку кога софтверот ќе почнат да го користат милиони корисници. Затоа бидете трпеливи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.