x

Resident Evil 2: Хорор ремек дело

Категорија: Забава Објавено на 29 Јануари, 2019 од GSM.mk

Resident Evil 2 пристигна, а според првите оценки на играчите, римејкот на една од најдобрите хорор игри е одличен - Metacritic оценката за Xbox One играта е дури 91%, за Playstation исто, a PC верзијата доби дури 89%.

Тоа што никој не пропушта да го напомене се суровоста и стравот кои играта ги остава врз игралите, не допуштајќи опуштање ниту во еден момент. Класичните хорор елементи, музиката, морничавата атмосфера и графиката која го обликува сето ова во целина, се полн погодок.

Во однос на оригиналната игра од пред две децении, редизајнираниот Resident Evil 2 има бонус содржини, како Survival додатоци, „синематик” елементи и дополнителни мисии кои можеби ќе бидат достапни во наредните месеци.

Приказната е проширена во нови правци кои се одлично вклопени во целината, што ја прави играта вистинско хорор ремек дело за сите гејмери, а посебно оние кои се потеа со неа пред две децении.

Погледнете го трејлерот и уживајте во играта



Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.