x

Ретро: 5 одлични смартфони кои беа кул пред 10 години!

Категорија: Занимливости Објавено на 31 Јули, 2018 од GSM.mk

2008 беше важна година во светот на смартфоните. Доколку се чувствувате носталгично, или едноставно сакате да видите кои смартфони беа кул пред 10 години, ви препопрачуваме да ја погледнете листата:

1. Apple iPhone 3G

Верувале или не, оригиналниот iPhone смартфон не доаѓаше со 3G и GPS. Моделот кој беше претставен една година подоцна ги вклучуваше овие функции. Истотака, ова беше првиот уред кој обезбеди пристап до App Store.

2. BlackBerry Bold 9000

Пред една деценија, Research in Motion (сега позната само како BlackBerry), беше една од главните компании во светот на телефоните, особено во Америка. Во 2008, компанијата го претстави BlackBerry Bold 9000 - уред кој доаѓаше со QWERTY тастатура, 2.6 инчен дисплеј, како и 3G, Wi-Fi, и GPS опции.

3. HTC Touch HD

2008 беше зафатена година за HTC. Покрај партнерството со Google и претставувањето на првиот Android смартфон, компанијата почна да произведува и свои смартфони. Еден од овие смартфони, HTC Touch HD, се обиде да го победи iPhone 3G во сопствената игра, нудејќи поголем touchscreen дисплеј. Уредот доаѓаше со поголем дисплеј и нудеше поголем резолуција - 3.8 инчен дисплеј и резолуција од 480 x 800 пиксели.

4. Nokia E71

Еден од најдобрите смартфони во историјата, кој нудеше целосна QWERTY тастатура, ниска цена и одлични спецификации, беше Nokia E71. Доаѓаше со 2.4 инчен дисплеј, резолуција од 320 x 240 пиксели и функции како 3G, Wi-Fi, GPS и Nokia Maps.

5. Samsung Omnia

Претставен во средината на 2008 година, Omnia беше еден од најинтересните смартфони на Samsung. Стануваше збор за Windows Mobile уред со 3.2 инчен дисплеј, резолуција од 240 x 400 пиксели, добра камера од 5 мегапиксели и елегантен дизајн. Истотака, Omnia беше еден од првите Samsung смартфони кој доаѓаше со TouchWiz интерфејс.

Дали вие бевте сопственик на некој од овие кул смартфони? :)


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.