x

Ретро звук во современо пакување: IT'S OK е првиот Bluetooth вокмен во светот

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 12 Јули, 2019 од GSM.mk

Во денешно време најважните фактори за еден плеер се квалитетот на звукот кој го емитува, брзото менување на песни и простор на истиот уред да се чуваат голем број песни. Иако личеше дека аудио касетите и вокмените се далеку зад нас, сега тие се враќаат во

Компанијата NINM Lab го претстави првиот пренослив Bluetooth касетофон, кој претставува унапредена верзија на Sony Walkman. Тој ќе ги оживее музичките колекции составени од аудио касети, чии сопственици сигурно веќе заборавиле кога ги виделе последен пат.

Вокменот е наречен IT’S OK и доаѓа со вграден Bluetooth, така што аудио касетите можат да се слушаат преку безжични слушалки. Но, доколку се чувствувате повеќе поврзани со минатото можете да користите и слушалки со кабел, бидејќи уредот има класичен отвор за слушалки ист како оној на повеќето смартфони.

Преносниот касетофон доаѓа во три бои: бела, розова и сина. Куќиштето за касети е проѕирно, така што гордите сопственици на IT’S OK можат во секој момент да покажат што слушаат и да се пофалат со нивните касети.

Новиот плеер ги оживува романтичните односи од времето кога многу тешко се доаѓаше до музиката која сакаш да ја слушаш. Осумдесетите години од минатиот век беа период во кој се популаризираа вокмените, а младите луѓе низ улиците изгледаа „кул“ со слушалките на уши и омилената касета пуштена во преносниот касетофон.


Во моментов IT’S OK е само производ во развој, бидејќи уште е во фаза на собирање средства преку Kickstarter. Кога ќе почне продажбата, вокменот ќе биде достапен за сите купувачи по цена од 63 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.