x

Резултати: Колку е издржлива батеријата на Galaxy Note 9?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Август, 2018 од GSM.mk

Едно од најголемите подобрувања со кои доаѓа Samsung Galaxy Note 9 е неговата значително поголема батерија, која може да издржи цел ден и цела ноќ без полнење. Но, да погледнеме дали тоа е навистина така:

Додека Samsung тврди дека батеријата од 4000mAh на Note 9 може да издржи цел ден и цела ноќ без полнење, ние решивме сами да го провериме тоа. Ова се резултатите:

Издржливост на батеријата

*повеќе е подобро


Samsung Galaxy Note 9 - 8h 56 min (Одлично)

Samsung Galaxy Note 8 - 7h 50 min (Добро)

Samsung Galaxy S9+ - 8h 5 min (Одлично)

Apple iPhone X - 8h 41 min (Одлично)

Apple iPhone 8 Plus - 10h 35 min (Одлично)

Google Pixel 2 XL - 8h 57 min (Одлично)

OnePlus 6 - 8h 10 min (Одлично)

LG G7 ThinQ - 6h 32 min (Просечно)


Она што веднаш можеме да забележиме е подобрување спрема неговиот претходник. Note 8 имаше батерија од 3000mAh, додека Note 9 доаѓа со 20% поголема батерија. Со истите тестови, Note 9 постигна 14% подобар резултат и издржа речиси 9 часа, што е одлично.


Време потребно за полнење

*помалку е подобро


Samsung Galaxy Note 9 - 109 min

Samsung Galaxy Note 8 - 102 min

Samsung Galaxy S9+ - 105 min

Apple iPhone X - 189 min 

Apple iPhone 8 Plus - 178 min

Google Pixel 2 XL - 152 min

OnePlus 6 - 80 min 

LG G7 ThinQ - 107 min


За среќа, и времето потребно за полнење е одлично и брзо. На Note 9 му беа потребни само 109 минути повторно да го врати капацитетот на батеријата од 4000mAh. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.