x

Роботите на Boston Dynamics ќе гледаат во 3D

Категорија: Занимливости Објавено на 15 Април, 2019 од GSM.mk

Роботите на Boston Dynamics добиваат 3D систем за гледање, втемелен на длабоко учење. Новите очи роботите ќе ги добијат благодарение на компанијата Kinema Systems, која Boston Dynamics ја купи за непозната сума.

Благодарение на новата вештачка интелигенција роботoт ќе биде во можност да препознае различни производи со различни величини, без разлика како се ориентирани и да ги постави на подвижна лента или да ги стави на полица.

Иако системот засега се вградува само во индустриски роботи се очекува наскоро да се најде и во воените роботи на Boston Dynamics.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.