x

Safari стана вториот прелистувач кој надмина една милијарда корисници

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Јуни, 2022 од GSM.mk

Прелистувачот Safari на Apple сега е вториот прелистувач кој има повеќе од милијарда корисници, што значи дека го користат речиси 20 отсто од интернет корисниците во светот.

Овие бројки ги објави Atlas VPN, кој спроведе истражување за да ги идентификува најкористените прелистувачи во светот. Иако Safari ја надмина „магичната“ граница, тој не е ни блиску до Chrome на Google и неговите колосални бројки.

Atlas VPN извлече податоци од GlobalStates и InternetWorld Stats, а според нивните бројки, Google Chrome има повеќе од 3,3 милијарди корисници ширум светот. Ова значи дека Chrome поседува нешто повеќе од 64 отсто од вкупниот пазар на прелистувачи. Потоа следат Safari, Microsoft Edge, Firefox и Samsung Internet.

Microsoft Edge го користат повеќе од 212 милиони корисници, што е околу 4 отсто од пазарот. Firefox има нешто повеќе од 179 милиони корисници и поседува околу 3 отсто од пазарот. Во случајот на Samsung Internet, овој прелистувач има речиси 150 милиони корисници или 2,85 отсто од пазарот.

Atlas VPN ја припишува популарноста на прелистувачите на нивната безбедност и достапност, но во случајот на Chrome, корисниците се привлечени и од дизајнот. Google има многу популарни апликации како YouTube, Google Maps и Google Drive кои луѓето често ги користат. Поради овие апликации, корисниците пробуваат други услуги на Google и на крајот го преземаат Chrome.

Успехот на Safari се заснова на фактот дека доаѓа на сите iPhone и Mac компјутери и е популарен поради безбедносните карактеристики, вклучително и Intelligent Track Prevention, функција која ги спречува корисниците да следат на веб-локациите.

Edge е присутен на сите уреди на Microsoft и едно време беше тешко да се префрлите на други прелистувачи и да ги поставите на дифолт. Прелистувачот на Samsung е на сите мобилни уреди на оваа компанија.

Firefox е популарен и за безбедност бидејќи нуди голем број екстензии кои ги штитат корисниците од различни форми на малициозен софтвер. Содржи и Secure Shell network protocol кој обезбедува сигурна комуникација помеѓу уредите.

Apple одржува конференција за програмери WWDC 2022 од 6 до 10 јуни, а се очекуваат нови верзии на iOS, MacOS и новиот микрочип на Apple. Ќе биде интересно да се види какви безбедносни промени подготви Apple за својот софтвер и како тие ќе влијаат на Safari.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.