x

Само Galaxy S20 Ultra ќе има 108 мегапикселна камера!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2020 од GSM.mk

Како што се очекуваше, Samsung ќе претстави 108 мегапикселен сензор со S20 серијата, но само кај еден од уредите...

Наместо сите три, само најскапиот модел, S20 Ultra ќе доаѓа со зборуваниот сензор од 108 мегапиксели на кој Samsung работи во моментот. Овој сензор ќе користи 4-во-1 пиксел технологија со која, како што кажува самото име, 4 пиксели ќе бидат комбинирани во еден. На тој начин, сензоро ќе нуди резолуција од 27 мегапиксели. Кај S20 Ultra ќе има уште три камери заедно со него - за портрети, широкоаголна и ToF сензор.

Од друга страна, S20 и S20+ ќе доаѓаат со подобрена камера од 12 мегапиксели. Кај S12+ оваа камера ќе биде придружена од уште три сензори, исто како кај S12 Ultra, а кај S12 ќе има уште само 2 сензори. 

The Galaxy S20 - The Galaxy S20 and S20+ might not use Samsung's new 108MP camera

Претставувањето на S20 серијата ќе биде на 11 февруари, за време на MWC 2020 настанот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.