x

Samsung 2019 Galaxy Tab A 10.1: Буџетски таблет со премиум дизајн

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 27 Февруари, 2019 од GSM.mk

Пред неколку дена Samsung претстави нова линија Android таблети, но некое време подоцна на веќепретставената серија се придружи и Galaxy Tab A 10.1. Еве што нуди:

Се разбира, поради буџетската цена, 2019 Galaxy Tab A 10.1 нуди просечни спецификации во внатрешноста. Станува збор за Exynos 7904, заедно со 2GB RAM и 32GB меморија. 

Од друга страна, надворешниот изглед на таблетот е со релативно премиум дизајн. На предната страна се наоѓа 10.1 инчен дисплеј со резолуција од 1920 x 1200 пиксели. На задната страна се наоѓа 8 мегапикселна камера, придружена од 5 мегапикселна селфи камера. Исто како поскапиот Galaxy Tab A 10.1, и овој таблет ќе работи на Android 9 Pie, но ќе доаѓа со помала батерија, од 6,150 mAh. 

Во однос на целосниот изглед, станува збор за метална конструкција. Ќе биде достапен во црна, златна и сребрена боја. Неговата цена ќе биде 210 евра за WiFi верзијата и 270 евра за LTE верзијата. Официјално ќе започне да се продава од 4 април.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.