x

Samsung Galaxy A11: Три задни камери, голема батерија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Јануари, 2020 од GSM.mk

Samsung веќе најави два нови Galaxy A уреди оваа година - A51 и A71. Но, изгледа дека ова не се единствените уреди од средна класа кои ги подготвува компанијата...

Во следните неколку недели во Galaxy A серијата ќе биде претставен уште еден нов модел - Galaxy A11. Овој уред ќе биде големо подобрување во однос на Galaxy A10.

Како за почеток, A11 ќе работи на Snapdragon 625/626, кој е подобар и помоќен од Exynos 7884 со кој доаѓа A10. Уште една продажна точка на уредот ќе биде големата батерија со капацитет од 4000 mAh. Ова не е големо подобрување од A10, но сепак е одлична карактеристика да се има. Системот од три камери на задниот дел е истотака важна промена во однос на неговиот претходник. 

Од останати карактеристики, A11 ќе има скенер за отпечатоци на задната страна, 2GB RAM, 32GB меморија и Android 10. Ќе биде достапен во сина, црна, црвена и бела боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.