x

Samsung Galaxy A50, A30 и A10: Официјални спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Февруари, 2019 од GSM.mk

На MWC настанот Samsung ќе ја претстави новата S10 серија, заедно со првиот уред на преклопување. Покрај толку возбудливи уреди, фановите забораваат дека компанијата ќе претстави и нови уреди вo A класата, чии спецификации се појавија деновиве:

Станува збор за A50, A30 и A10. 

Најпрво, Galaxy A50 и A30 ќе имаат сличен 6.4 инчен Super AMOLED панел и батерии од 4,000 mAh со брзо полнење. Од друга страна, ќе доаѓаат со различни камери и различни цени. 

Изгледа дека Samsung ја запостави идејата за четири камери на задната страна, како што доаѓаше A9 (2018), бидејќи беше неуспешен обид. Токму затоа, Galaxy A50 ќе има "само" три камери - 25, 5 и 8 мегапикселен сензор. Истотака, уредот има и прилично моќна, 25 мегапикселна селфи камера и моќен Exynos 9610 процесор.

Во однос на меморијата, A50 ќе доаѓа во две верзии - една со 4GB RAM и 64GB меморија и друга со 6GB RAM и 128GB меморија. Интересно е што ќе содржи скенер за отпечатоци под дисплејот.

Потоа, го имаме A30. Овој уред ќе има скенер сместен на задната страна и малку помал, 6.2 инчен дисплеј, како и една главна камера од 13 мегапиксели, придружена од селфи камера со 5 мегапиксели. Во внатрешноста ќе се наоѓа Exynos 7884B, заедно со 3GB RAM и 32GB меморија.

Исто како другите два, A10 ќе работи на батерија од 4,000 mAh, но нема брзо полнење и никаков скенер за отпечатоци. Последно, знаеме дека ќе бидат достапни во различни бои - A50 и A30 во црна, сина и бела, а A10 ќе биде достапен само во црна и златна нијанса. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.