x

Samsung Galaxy A50 пристигнува на 13 јуни!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јуни, 2019 од GSM.mk

Пред неколку месеци прв пат се појавија гласини дека Samsung планира да претстави три нови уреди во A серијата. Сега, полека но сигурно, овие телефони почнаа да се појавуваат...

Трите модели кои ќе бидат претставени се Galaxy A50, A20 и A10e. Од нив, A10 e неодамна се појави со своите спецификации - 5.8 инчен Infinity-V дисплеј, резолуција од 720 x 1520 пиксели, 2GB RAM и 32GB меморија. Има 13 мегапикселна главна и 5 мегапикселна селфи камера. Работи на батерија од 3000 mAh.

Потоа, го имаме A20 со 6.4 инчен Infinity-V Super AMOLED дисплеј, резолуција од 720 x 1520 пиксели. Овој модел има 3GB RAM и 32GB меморија. На задната страна се наоѓаат две камери од 13 и 5 мегапиксели, заедно со 8 мегапикселна селфи камера.

Можеби најинтересниот од трите e A50, кој ќе биде достапен од 13 јуни, по цена од 350 долари. Доаѓа со 6.4 инчен Infinity-U Super AMOLED панел, висока резолуција од 1080 x 2340 пиксели, 4GB RAM и 64GB меморија. За разлика од другите, ќе има скенер за отпечатоци под панелот и три камери на задната страна. Станува збор за 25 мегапикселна главна, придружена од 8 мегапикселен широкоаголен сензор и трета камера од 5 мегапиксели. Селфи камерата е истотака од 25 мегапиксели.

The Samsung Galaxy A50 sports a triple camera setup in the back

Samsung ја креираше A серијата со цел да ја замени J серијата. Новите уреди од средна класа беа дизајнирани да имаат големи екрани, уникатни камери и издржливи батерии.

Both the Galaxy A20 and Galaxy A50 are equipped with a 4000mAh battery


Galaxy A серијата се движи од A10 до A80. Од првото претставување во март, линијата покажа добра продажба. По првите 70 дена, Samsung продаде 5 милиони единици и постигна приход од милијарда долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.