x

Samsung Galaxy A50: Три камери, минимални рамки

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Февруари, 2019 од GSM.mk

Galaxy A50 ќе биде најскапиот уред во Galaxy A серијата на Samsung за оваа година. Токму затоа, ќе нуди и помоќни спецификации, како и одличен дизајн:

Сликата споделена од PriceKart ни доловува точно како ќе изгледа Galaxy A50, како и дел од интересните спецификации кои ќе ги нуди. Уредот ќе има висок дисплеј, придружен од речиси невидливи рамки, како и мал notch на горната страна, наменет за селфи камерата. Панелот ќе биде 6.4 инчен и со новиот Infinity U Super AMOLED дизајн на Samsung. Селфи камерата ќе биде од неверојатни 25 мегапиксели.

Преминувајќи на задната страна, се забележува систем од три камери кои се вертикално поставени, исто како кај Galaxy A9 (2018). Сензорите се придружени од LED блиц. Сликата истотака потврдува дека смартфонот ќе има скенер за отпечатоци под дисплејот. За жал, спецификациите на задните камери не се сеуште познати.

Galaxy A50 ќе биде претставен заедно со два други уреди од задната класа - Galaxy A30 и A10. Но, пред нивното најавување, Samsung ќе ги претстави премиум S10 уредите на 20 февруари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.