x

Samsung Galaxy A8 Star: iPhone дизајн и солидни спецификации

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 04 Февруари, 2019 од GSM.mk

Galaxy A8 Star е еден од најскапите уреди од средната класа, достапни на пазарот. Но, заедно со високата цена, смартфонот нуди и прилично моќни спецификации. Да погледнеме:

Galaxy A8 Star најпрво привлече внимание поради својот iPhone дизајн. Конкретно, станува збор за дизајнот на задната страна, придружен од дуален систем камери кои се вертикално поставени во горниот лев агол. Во другите аспекти, A8 Star е класичен Samsung уред. Составен е од стакло на задната и предната страна, како и метална рамка од страните. Достапен е во црна и бела боја. 

Задржувајќи се на предната страна, станува збор за Infinity дисплеј, придружен од мали рамки. Панелот е 6.3 инчен со резолуција од 1080 x 2220 пиксели и 18.5:9 сооднос. Скенерот за отпечатоци е од задната страна, до камерите. 

Image result for galaxy a8 star

Навраќајќи се на камерите, на задната страна станува збор за 24 мегапикселен главен сензор, заедно со 16 мегапикселен секундарен сензор и LED блиц. Селфи камерата е од 24 мегапиксели. 

фотографии направени со Galaxy A8 Star

Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 660 процесор со 6 GB RAM и 64 GB меморија. Работи на батерија од 3700 mAh, која поддржува брзо полнење и ветува издржливост од 5 до 6 часа при користење LTE, а на Wi-Fi може да издржи цел ден, до 24 часа. 


Samsung Galaxy A8 Star може да го најдете во продавниците на Ledikom.mk, по цена од 20,290 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.