x

Samsung Galaxy A91: Уред од средната класа со флегшип карактеристики!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Октомври, 2019 од GSM.mk

Galaxy A91 е новиот уред на Samsung во A серијата чии спецификации само што се појавија:

Иако A серијата се смета од средната класа, спецификациите на новиот A91 дефинитивно повеќе наликуваат на флегшип уред. 

Во внатрешноста на A91 ќе се наоѓа Snapdragon 855 и Super Fast Charging технологија од 45W. Како следбеник на Galaxy A90 5G, претставувањето на новиот модел ќе биде во 2020 година. Заедно со процесорот ќе има и 8GB RAM со 256GB меморија. Доколку тоа не е доволно, ќе постои и конфигурација со 512GB меморија. 

Како и кај останатите смартфони од истата серија, на предната страна ќе има голем дисплеј, 6.7 инчен full-HD+ Infinity-U. Истотака, на задниот дел ќе има три камери - главната ќе биде од 48 мегапиксели со оптичка стабилизација, истот како кај A90 5G. Промените ќе бидат во втората и третата камера. Едната од нив ќе биде 12 мегапикселна и широкоаголна, а другата 16 мегапикселна. И селфи камерата ќе биде подобрена со 32 мегапиксели. Но, за разлика од Galaxy A90 5G, A91 нема да поддржува 5G технологија, додека батеријата ќе биде од 4,500mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.