x

Samsung Galaxy Book 2: Конкуренција на Surface Pro 6 со Snapdragon процесор

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 19 Октомври, 2018 од GSM.mk

Иако оваа есен е сезона на дел од најдобрите смартфони за оваа година, истовремено ќе добиеме и неколку нови и возбудливи таблети. Досега се запознавме со Microsoft Surface Pro 6 и Google Pixel Slate, а сега Samsung го претстави и Galaxy Book 2:

Почнувајќи од предниот дел, уредот е речиси непроменет во однос на претходниот модел - единствената разлика е во смалените рамки. Од друга страна, на задниот дел доаѓа со неколку поголеми промени, иако не нуди уникатен дизајн. Всушност, новиот Galaxy Book 2 е речиси идентичен со Surface Pro 6, благодарение на алуминиумската конструкција.


Во однос на неговите спецификации и перформансите, таблетот доаѓа со 12 инчен Super AMOLED дисплеј и резолуција од 2160 x 1440 пиксели. Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 850, заедно со 4GB RAM и 128GB меморија. Интересно е што Samsung сеуште го нема потврдено капацитетот на батериите. 

Цената на Galaxy Book 2 ќе биде 999 долари, а неговата продажба ќе започне на 2 ноември. Доаѓа со S Pen пенкало. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.