x

Samsung Galaxy Fold: Цена и достапност!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Март, 2019 од GSM.mk

Доколку се прашувавте која ќе биде точната цена на Galaxy Fold, како и повеќе информации за неговата достапност, Samsung ги има одговорите:

На почеток, Galaxy Fold ќе биде достапен во 15 европски земји - Англија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Белгија, Холандија, Полска, Австрија, Швајцарија, Романија и се разбира, во Кореја.

На официјалната веб-страна Samsung.com уредот ќе биде достапен за претпродажба од 26 април, а официјално ќе биде достапен една недела подоцна, од 3 мај. Заинтересираните ќе може да бираат меѓу четири верзии - сребрена, црна, зелена и сина, а почетната цена ќе биде... 2,000 евра.

За оваа цена, го добивате Galaxy Fold уредот, уникатна Kevlar маска, Samsung Buds и една година Samsung Care+ сервиси.

За жал, овој смартфон на Samsung ќе биде достапен во ограничени колични, бидејќи компанијата може да произведува само околу 100,000 единици месечно. Во споредба со производството од 3 милиони единици месечно на Galaxy S10, тоа е навистина малку.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.