x

Samsung Galaxy J4 (2018) и Galaxy J6 (2018): Официјални спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Мај, 2018 од GSM.mk

И покрај тоа што сите се фокусирани на претставувањето на Note 9, да не заборавиме дека Samsung планира да претстави уште неколку нови смартфони, меѓу кои се Galaxy J4 (2018) и Galaxy J6 (2018). Конечно, ги дознавме нивните официјални спецификации:

Galaxy J6 (2018) ќе доаѓа со 5.6 инчен AMOLED дисплеј, резолуција од 720 x 1480 пиксели и 18.5:9 сооднос. Во внатрешноста ќе се наоѓа Exynos 7870 процесор, придружен од повеќе верзии - од 2GB/3GB/4GB RAМ и 32GB или 64GB меморија. Камерите ќе бидат од 13 и 8 мегапиксели, скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа на задната страна, а батеријата ќе биде од 3000mAh. 

Од друга страна, Galaxy J4 (2018) ќе доаѓа со 5.5 инчен дисплеј, но сеуште не знаеме дали станува збор за AMOLED или LCD панел. Под хаубата се наоѓа Exynos 7570, со 2GB или 3GB RAM, зависно од пазарот на кој се продава. Исто како кај J6, батеријата е од 3000mAh. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.