x

Samsung Galaxy J4: Спецификации и цена од 185 долари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Мај, 2018 од GSM.mk

Првиот од четирите уреди во Galaxy J серијата кој Samsung треба да го претстави до крајот на месецот, веќе се појави, заедно со неговата цена и спецификации..

Станува збор за Galaxy J4, кој иако не е официјално претставен, се појави на продажба по цена од 185 долари. Нормално, на листата се наоѓаат и неговите спецификации. Според нив, доаѓа со 5.5 инчен Super AMOLED дисплеј со HD (720p) резолуција. Во внатрешноста се наоѓа Exynos 7570 процесор, заедно со 2GB RAM и 16GB меморија. 

На задната страна се наоѓа камера од 13 мегапиксели, додека селфи камерата е од 5 мегапиксели. Изгледа дека уредот нема да доаѓа со скенер за отпечатоци, но вклучува солидна батерија од 3,000 mAh.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.