x

Samsung Galaxy J6 (2018): Целосни спецификации пред претставувањето

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Мај, 2018 од GSM.mk

Samsung Galaxy J6 (2018) треба да биде претставен денес, заедно со уште еден уред од средната класа - Galaxy J4 (2018). Само неколку часа пред претставувањето на J6, се појави листа со неговите целосни спецификации..

Голем дел од спецификациите кои се појавија на почеток од месецот, сега се потврдени со листата. На пример, веќе знаевме дека станува збор за уред од средната класа кој ќе доаѓа со 3GB RAM и 32GB меморија. Ј6 ќе вклучува 5.6 инчен Super AMOLED дисплеј со HD+ (1480 x 720) резолуција. На задната страна се наоѓа 13 мегапикселна камера, а на предната се наоѓа 8 мегапикселна селфи камера. 

Батеријата од 3,000 mAh ветува 21 час издржливост при зборење и 12 часа при користење на интернет (LTE). Сега, единствено што останува е да ја дознаеме неговата цена и достапност. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.