x

Samsung Galaxy J7 Prime 2 2018: Солиден буџетски телефон за сечиј џеб

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 28 Јуни, 2018 од GSM.mk

Покрај големиот број уреди кои ги претстави оваа година со моќни перформанси и високи цени, Samsung претстави и еден уред во март со солидни спецификации, а достапен за сечиј џеб. Ова е Galaxy J7 Prime 2 2018:

Сите заинтересирани, може да го најдат Galaxy J7 Prime 2 (2018) во Ledikom.mk, по цена од 13490 денари. 

Претставен во март, Galaxy J7 Prime 2 доаѓа со 5.5 инчен панел со резолуција од 1080x1920 пиксели и 16:9 сооднос. На задната страна, се наоѓа алуминиумска конструкција, благодарение на која уредот е издржлив, а истовремено има премиум дизајн. 

Samsung Galaxy J7 Prime 2

За неговата моќ, во внатрешноста на уредот се наоѓа Exynos 7870 процесор, придружен од 3GB RAM и 32GB меморија. Меморијата може да се прошири до 256GB. Работи на батерија од 3300mAh и Android 7.0 (Nougat).

На задната страна, се наоѓа главната камера од 13 мегапиксели, со автофокус и LED блиц, заедно со скенерот за отпечатоци. За вашите селфи фотографи ќе се погрижи камера, повторно, од 13 мегапиксели. Достапен е во црна, златна и бакарна боја. 

Доколку сте во потрага по буџетски телефон со солидни спецификации, Galaxy J7 Prime 2 е изборот за вас :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.