x

Samsung Galaxy M01 Core: Новиот буџетски смартфон!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 29 Јули, 2020 од GSM.mk

Со претставувањето на Galaxy M01 Core, Samsung сега има три Galaxy M01 смартфони достапни на пазарот..

Сите три - Galaxy M01, M01s и M01 Core, беа претставени оваа година и на различни пазари. 

Од нив, најновиот е M01 Core кој ќе биде првично достапен во Индија од 29 јули. По цена од само 75 долари, ова е најевтиниот Samsung смартфон достапен во Индија во моментот. Заинтересираните ќе може да бираат меѓу три бои - црна, сина и црвена. Истотака, ќе бидат достапни две верзии, една со 1GB RAM и 16GB меморија и друга со 2GB RAM и 32GB меморија која ќе чини 85 долари.

Samsung's newly unveiled Galaxy M01 Core runs Android 10 Go Edition

На предниот дел има 5.3 инчен HD+ дисплеј со 1.5GHz quad-core MediaTek MT6739 процесор во внатрешноста и главна камера од 8 мегапиксели. Ќе работи на батерија од 3000 mAh и ќе има селфи камера од 5 мегапиксели.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.