x

Samsung Galaxy Note 10: 6.66 инчен 4К дисплеј?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Ноември, 2018 од GSM.mk

Покрај Galaxy S10 и S10 Plus, Samsung очекуваме наскоро да претстави уште еден премиум уред, следбеникот на Note 9 - Galaxy Note 10!

Кога се појави 4.3 инчниот HTC HD2 во 2009 година, многумина сметаа дека дисплејот неможе да стане поголем од тоа. Само неколку години подоцна се појави Galaxy Note, преминувајќи ја бариерата од 5 инчи со својот 5.3 инчен панел. Сега го имаме последниот уред во Note серијата кој доаѓа со уште поголем, 6.4 инчен дисплеј, а Apple неодамна го претстави и iPhone XS Max, кој има 6.5 инчен панел.

Според новите информации, следбеникот на Note 9 ќе има 6.66 инчен 4K дисплеј. Сега за сега, уредот е познат под код-името "DaVinci," и знаеме дека во Америка ќе работи на новата Qualcomm Snapdragon 8150  платформа. Покрај тоа, телефонот ќе поддржува 5G технологија и ќе доаѓа со три камери на задната страна. Претставувањето на Galaxy Note 10 ќе биде во текот на 2019, најверојатно во вториот период од годината.

Иако 6.66 инчен панел звучи огромно, наводно тоа нема да биде најголемиот екран на Samsung, бидејќи компанијата подготвува уште еден смартфон на виткање, познат како Galaxy F кој ќе има неверојатен 7.3 инчен дисплеј.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.