x

Samsung Galaxy Note 10 и Note 10 Pro ќе доаѓаат со големи промени во дизајнот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Мај, 2019 од GSM.mk

Samsung Galaxy Note 10 и Note 10 Pro се најочекуваните телефони за оваа година, а уредите изгледа дека нема да разочараат и ќе доаѓаат со интересни промени...

Сегашниот Galaxy Note 9 доаѓа со 18.5:9 дисплеј и дебели рамки. Од друга страна, новата Galaxy Note 10 серија ќе има малку повисок, 19:9 панел, придружен од потенки рамки кои го овозможуваат овој повисок тело-дисплеј сооднос.

Дисплејот повторно ќе биде придружен со дупка наменета за селфи камерата, но овој пат ќе биде уште помала и незабележлива.

Samsung Galaxy Note 10 concept render

Во однос на задните камери, уредот ќе има систем од три вертикално поставени сензори, со спецификации слични како оние на S10 серијата. Станува збор за две 12 мегапикселни камери и трета, широкоаголна камера, од 16 мегапиксели. Интересно е што се зборува дека можеби ќе биде приклучена и четврта камера, од 8 мегапиксели за подобри портрет фотографии.

The Galaxy Note 10 Pro's quadruple-camera setup could resemble the Galaxy A9'


Покрај камерите и целосниот дизајн, Galaxy Note 10 ќе има промени и во внатрешноста и целосните перформанси, кои сега за сега непознати. Претставувањето на серијата го очекуваме во август.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.