x

Samsung Galaxy Note 10 Lite и S10 Lite пристигнуваат наскоро!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Октомври, 2019 од GSM.mk

Samsung работи на два нови Lite модели - еден во S10 серијата и еден во Note 10 серијата..

Додека Note 10 и S10 сериите го понудија најдоброто од Samsung, сега е време за буџетски уреди кои ќе бидат достапни за сите. 

За Galaxy Note 10 Lite не се познати многу спецификации. Најпрво, знаеме во кои бои ќе доаѓа - црна и црвена. Се разбира, ќе има и S Pen поддршка, заедно со нови S Pen функционалности. 

Од друга страна, за S10 Lite се познати многу повеќе работи. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 855 со 8GB RAM и 128GB меморија. Интересно е што иако е Lite модел, ќе работи на батерија од 4500mAh која е поголема и во онаа во Galaxy S10e и во Galaxy S10.

На задниот дел, S10 Lite ќе има три камери - 49 мегапикселна главна, заедно со 16 мегапикселна широкоаголна и 5 мегапикселна камера. За селфињата ќе се погрижи камера од 32 мегапиксели. Истотака, ќе поддржува и брзо полнење од 45W. 

Како и да е, најголемото изненадување е што S10 Lite ќе има голем, 6.7 инчен дисплеј - поголем дури и од оној на S10.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.