x

Samsung Galaxy Note 10 Plus 5G: Отпакување и карактеристики!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Август, 2019 од GSM.mk

Прв пат во историјата, Samsung претстави два уреди во Note серијата. Од нив, Note 10 Plus не само што доаѓа со поголем екран, туку и вклучува 5G технологија..

Почнувајќи од дизајнот, уредот има голем, 6.8 инчен дисплеј со резолуција од 1440 x 3040 пиксели. Изработен е од стаклена конструкиција. За разлика од обичниот Note 10 кој има три камери, Note 10 Plus доаѓа со четири камери - 12 мегапикселна главна, секундарна широкоаголна камера од 12 мегапиксели, трета камера од 16 мегапиксели и ToF сензор.

Позитивно:

  • Висок тело-дисплеј сооднос
  • Многу RAM
  • Квалитетни камери
  • Голема батерија
Бидејќи сепак станува збор за премиум уред, во внатрешноста се наоѓа Exynos 9825 со 12GB RAM и 512GB меморија. Како што рековме, батеријата е голема и е од 4 300mAh. Придружен е од S Pen пенкало, а поддржува и 5G конекција.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.