x

Samsung Galaxy Note 10 пристигнува во август со една голема промена!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 31 Март, 2019 од GSM.mk

Galaxy S10 серијата беше претставена пред неколку недели, а шпекулациите за Note 10 уредите веќе започнаа. Овој пат, станува збор за интересни информации во однос на нивниот дизајн:

Пред неколку години, Samsung го замени традиционалното физичко Home копче со дигитална алтернатива. На почеток, на голем дел од корисниците не им се допаѓаше ваквата одлука, но потоа беше прифатена, бидејќи овозможи имплементација на поголем дисплеј, како и нов вид  Infinity-O панели кај Galaxy S10 серијата.

Како и повеќето смартфони на пазарот, уредите на Samsung сеуште имаат неколку физички копчиња, како оние за звук и вклулучување/исклучување. Всушност, дел од моделите имаат и специјално Bixby копче. Според новите информации, сите тие ќе биде заменети со дигитални алтернативи кај Note 10 серијата.

Деталите сеуште не се познати, но Samsung планира да претстави модели без никакви физички копчиња. Еден од првите вакви уреди ќе биде токму Galaxy Note 10. Ваквиот чекор ќе придонесе за големи промени во целосниот дизајн на идните смартфони на компанијата.

Samsung Galaxy Note 10 concept render based on leaked information

Во однос на остантиот дел од дизајнот, Note 10 ќе го има истиот систем камери како S10 5G. Значи, ќе станува збор за 12 мегапикселна главна камера, придружена од 12 мегапикселен секундарен сензор. Истотака, ќе има и трета широкаголна леќа од 16 мегапиксели.

Samsung Galaxy Note 10 concept render based on leaked information

Исто како Galaxy Note 5, Galaxy Note 7, Galaxy Note 8 и Galaxy Note 9, претставувањето на Galaxy Note 10 го очекуваме во август. Сигурни сме дека ќе постојат неколку верзии со различни конфигурации, но останува да видиме дали ќе има и 5G модел.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.