x

Samsung Galaxy Note 20 и Note 20 Ultra: Најмоќните Android уреди во моментот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Август, 2020 од GSM.mk

Долгоочекуваната Note 20 серија конечно пристигна. Еве што нуди:

Исто како и претходната година, и овој пат Samsung претстави два нови Note 20 уреди. Од нив, Galaxy Note 20 е покомпактниот, додека Galaxy Note 20 Ultra е поголем и целосен флегшип уред.

Дизајнот на новите модели е сличен како на претходните, но системот камери на задниот дел има малку променет дизајн. Истотака, пристигнуваат во нови бои. Galaxy Note 20 е достапен во бронзена, зелена и сива боја, додека Galaxy Note 20 Ultra е достапен во црна, бела и истата бронзена боја. 

Note 20 Ultra and Note 20 colors - The Galaxy Note 20 5G and Galaxy Note 20 Ultra 5G are official: yet again, the next big thing

Димензиите на Note 20 Ultra се од 77.2 x 164.8 x 8.1 cm, а Note 20 е малку помал, со димензии од 75.2 x 161.6 x 8.3 cm. Се разбира, двата имаат моќни внатрешни карактеристики и големи батерии.

The Galaxy Note 20 5G and Galaxy Note 20 Ultra 5G are official: yet again, the next big thing

На предниот дел, Note 20 има 6.7 инчен AMOLED дисплеј, но доколку тоа не е доволно, Note 20 Ultra има уште поголем дисплеј, од 6.9 инчи. Во внатрешноста се наоѓа нов, Exynos 990 процесор. Кај Note 20 е придружен од 8GB RAM и 128 или 256GB меморија. Note 20 Ultra е секако помоќниот, и доаѓа во модели со 12GB RAM и 128, 256 или 512GB меморија. Батериите се од 4300 и 4500 mAh.

The Galaxy Note 20 5G and Galaxy Note 20 Ultra 5G are official: yet again, the next big thing

На задниот дел има вертикален систем од три камери со различни резолуции. Note 20 има главна камера од 12 мегапиксели, ултраширокоаголна од 12 мегапиксели и камера за портрети од 12 мегапиксели. Note 20 Ultra има главна камера од 108 мегапиксели, повторно со 12 мегапикселна ултраширокоаглна и камера за портрети.

Note 20 и Note 20 Ultra ќе бидат достапни од 21 август, по цени од 999 долари и 1299 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.