x

Samsung Galaxy Note 20 Plus: Фотографии од новиот дизајн!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 27 Мај, 2020 од GSM.mk

Благодарение на новите фотографии кои беа споделени на твитер, ова ќе биде потенцијалниот дизајн на новите Note 20 уреди:

Поточно, станува збор за дизајнот на поголемиот Note 20+. Слично како Note 10 и S20 пред него, Note 20+ ќе има Infinity-O дисплеј со екстремно тенки рамки и селфи камера сместена во средина. Самиот дисплеј ќе биде најголем досега, од 6.9 инчи. Големиот дисплеј ќе биде одличен за работење со S Pen пенкалото.

Leaked Samsung Galaxy Note 20+ 5G renders reveal sleek design, updated camera bump

Целосните димензии на уредот ќе бидат од 165 x 77.2 x 7.6mm - малку повисок од Note 10+, но покомпактен од Galaxy S20 Ultra. 

Leaked Samsung Galaxy Note 20+ 5G renders reveal sleek design, updated camera bump

Една од поголемите разлики во дизајнот која дефинитивно се забележува е кај задните камери. Најпрво, самите сензори се поголеми и со сребрена рамка околу нив. Има три камери кои се вертикално поставени во горниот лев агол и придружени од LED блиц. Најверојатно, главниот од нив ќе биде од 108 мегапиксели, исто како кај Galaxy S20 Ultra. Ќе биде присутен и ToF сензор.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.