x

Samsung Galaxy Note 9 доаѓа на 9 август?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Јуни, 2018 од GSM.mk

Според најновите гласини, Galaxy Note 9 ќе биде претставен порано од очекуваното..

Samsung планира да го најави Note 9 на 9 август, што е две недели порано од претставувањето на Note 8, кое беше минатата година. Официјалното претставување на уредот ќе биде при крајот на август. Според претходни шпекулации, Samsung се реши за ваков чекор, бидејќи сака да го претстави уредот пред да се појават новите iPhone модели во септември. Покрај тоа, компанијата планира да го премести и претставувањето на Galaxy S10, за да има повеќе време за промоција на уредот.

"Unpacked" настанот, каде ќе биде најавен Note 9, ќе се одржи во Њу Јорк. Уредот се очекува да доаѓа со подобрен дуален систем камери со сензори од 12 мегапиксели, исто како Galaxy S9 Plus. Камерите ќе вклучуваат нови и интересни функции, а за моќта на уредот ќе се погрижи Snapdragon 845, или Exynos 9810, во зависнот од пазарот на кој се наоѓа. Очекуваме 6.4 инчен Super AMOLED дисплеј, со резолуција од 1440 x 2960 пиксели и 18.5:9 сооднос. Процесорот ќе биде придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. 

Сега за сега, 9-ти август сеуште не е официјално потврден како датум на претставување на Note 9 од страна на Samsung. Останува да видиме. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.