x

Samsung: Galaxy Note 9 ќе доаѓа со 512GB меморија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Јуни, 2018 од GSM.mk

Покрај големиот број информации кои се појавија за Note 9 и неговите карактеристики, последно, добивме детали и за неговата меморија..

Наводно, Samsung планира да претстави верзија од Galaxy Note 9 со 512GB меморија, која за жал на почеток ќе биде достапна само во Јужна Кореја и Кина. Подоцна, најверојатно ќе се појави и на други пазари. 

Сега за сега, не се знае дали верзијата ќе вклучува други промени покрај меморијата, но очекуваме да има најмалку 6GB RAM и Exynos 9810 Octa процесор. Батеријата ќе остане од 4000mAh.

Во целосниот дизајн, Note 9 ќе наликува на минатогодишниот Note 8 - алуминиумска рамка, Bixby копче, стаклена конструкција и Infinity Display со уште помали рамки. Претставувањето ќе биде на 9 август во Њу Јорк, а претпродажбата ќе започне набрзо потоа. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.