x

Samsung Galaxy Note 9: Спецификации, дизајн, цена и достапност

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Јуни, 2018 од GSM.mk

Без сомнеж, Galaxy Note 9 ќе биде еден од најмоќните и најдобрите смартфони кои ќе ги видиме до крајот на годината. Затоа, решивме да споделиме се што знаеме за уредот досега:

Дизајн

Samsung Galaxy Note 9 "Crown" rumor review: Design, specs, camera, price & release date

Во однос на дизајнот, не очекуваме Samsung да воведе големи промени. Infinity Display дизајнот кој беше претставен со S8/S8+ во 2017 година повторно ќе биде присутен, со мали промени и подобрувања - помали рамки, поголем тело-дисплеј сооднос. Еве како очекуваме да изгледа:

Samsung Galaxy Note 9 "Crown" rumor review: Design, specs, camera, price & release date

Претпоставуваме дека Note 9 ќе се разликува од Note 8, исто колку што S9 се разликуваше од S8 - речиси идентични уреди со веќе проверен и подобрен изглед. Една работа која ќе биде променета е локацијата на скенерот за отпечатоци, кој ќе се наоѓа веднаш под задните камери. 

Samsung Galaxy Note 9 "Crown" rumor review: Design, specs, camera, price & release date


Дисплеј

Станува збор за 6.4 инчен Super AMOLED дисплеј со 18.5:9 сооднос и резолуција од 2960x1440 пиксели. Рамките околу него дефинивитно ќе бидат смалени. Сеуште не е јасно дали Samsung ќе го задржи традиционалниот дизајн, или ќе се приклучи на трендот на дизајнот со кој доаѓа iPhone X.


Камери

Повторно, и кај камерите не очекуваме големи промени. Од задната страна ќе има две камери - најверојатно од 12MP + 12MP и селфи камера од 8 мегапиксели, исто како кај S9+.

Samsung Galaxy Note 9 "Crown" rumor review: Design, specs, camera, price & release date

Внатрешни спецификации

Поради недостатокот на подобра алтернатива, Samsung ќе мора да го искористи Snapdragon 845 за американската верзија од Note 9. Но, интернационалната верзија ќе доаѓа со Exynos 9810, кој изненадувачки има помалку издржлива батерија од онаа на Qualcomm. Без разлика кој, процесорот ќе биде придружен од 6GB или 8GB RAM. Уште едно интересно подобрување е во однос на батеријата, која ќе биде со капацитет од 4000mAh. 


Цена и достапност

Според гласините, Samsung планира да го претстави Note 9 на почеток од август, а неговата цена очекуваме да биде околу 900-1000 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.