x

Samsung Galaxy S10 Lite доаѓа во 6 интересни и уникатни бои!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Декември, 2018 од GSM.mk

На почетокот од 2019 година, Samsung ќе ја претстави долгоочекуваната Galaxy S10 серија. Меѓу моделите ќе се наоѓа и "буџетскиот" S10 Lite, кој иако ќе нуди послаби спецификации, ќе доаѓа со други интересни карактеристики..

Имено, S10 серијата ќе доаѓа во 6 бои - црна, бела, сина, зелена, жолта и црвена. Но, според новите информации, црвената и жолтата боја се екслузивно наменети само за S10 Lite. Оние корисници кои се заинтересирани со другите модели, ќе мора да се "помират" со верзија во црна, бела, сина или зелена боја. Од друга страна, останатите ќе имаат малку поголем избор.

Покрај новите бои, S10 Lite има уште неколку разлики во однос на другите модели. На пример, кај него ќе станува збор за "рамен" дисплеј, придружен само од две камери на задната страна, додека другите модели ќе имаат најмалку три, ако не и четири камери. Истотака, ќе има помалку RAM.

Претставувањето на S10 серијата го очекуваме во февруари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.