x

Samsung: Galaxy S10 моделите ќе бидат значително поевтини од најновите iPhone уреди

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Јануари, 2019 од GSM.mk

По низа шпекулации, конечно се запознавме со финалните цени на новите Galaxy S10 уреди:

Како што се зборуваше претходно, Galaxy S10E ќе биде буџетскиот уред во S10 серијата. Овој модел ќе доаѓа со Exynos 9820, 4GB RAM и 128GB меморија. Неговата цена ќе биде 779 евра во Европа.

Преминувајќи на обичниот Galaxy S10, овој модел ќе доаѓа во две верзии, со слични конфигурации како оние на Note 9. Едната од нив ќе чини 929 евра и нуди комбинација од 6GB RAM/128GB меморија, додека втората ќе има малку повисока цена, од 1179 евра и нуди 8GB RAM, заедно со 512GB меморија. Како за споредба, минатогодишниот Galaxy S9 имаше цена од 899 евра, додека S8 чинеше 829 евра. И двата доаѓаа со 64GB меморија.

Завршувајќи ја линијата, последен модел е најголемиот S10 Plus. Овој уред ќе биде достапен во три конфигурации. Првите две, кои ќе чинат 1049 и 1299 евра, ќе бидат со исти спецификации како обичниот S10. Третата верзија, која ќе биде најмоќна, нуди 12GB RAM, како и 1TB меморија. Токму поради ваквите спецификации, нејзината цена ќе биде 1599 евра.

Samsung Galaxy S10 prices will significantly undercut Apple's latest iPhones

Иако цените се високи, во споредба со оние на новите iPhone модели се поприфатливи. Имено, цената на iPhone XR во Италија е 889 евра, додека iPhone XS и XS Max чинат 1189 и 1289 евра, а нудат само 64GB меморија.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.