x

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 трикови кои мора да ги знаете!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Март, 2019 од GSM.mk

Овие неколку трикови и совети ќе ви овозможат да го имате ултимативното искуство со вашиот нов Galaxy S10 Plus уред:

1. Персонализирани позадини

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Да започнеме со можеби еден од најинтересните трикови кои може да го искористите на S10 Plus. Станува збор за трик поврзан со дупката во дисплејот наменета за селфи камерата. Кое е вашето мислење за ваквиот дизајн? Се разбира дека ни се допаѓа што помага во отстранувањето на горната рамка и иако сеуште се забележува, Samsung одлично го има имплементирано дизајнот дупката да зафаќа место потребно само за сензорот, овозможувајќи голем дисплеј.

Но, доколку не сте фан на дупката, постојат персонализирани позадини со кои може да ја скриете. Се што е потребно е да одите во Display Settings и да селектирате Full Screen Apps со која ќе ја скриете

2. Променете ја големината на иконите

Првото нешто кое голем дел од корисниците го прават со својот нов S10 Plus е променување на големината на иконите. За почеток, Samsung има ставено прилично големи икони кои не се толку практични за користење. Потребно е само подолго да држите на вашиот Home екран и да го одберете Settings менито.

3. Лесни нотификации

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Втората работа која би требало веднаш да ја направите со вашиот нов Samsung смартфон е да направите ново и полесно мени за нотификации. Одете во settings  и одберете го quick-open notification панелот

4. Пробајте ги новите навигации

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Следно што треба да направите е да ги пробате навигациите во One UI со S10. Уредот доаѓа со познатите три on-screen home копчиња, но тоа може да го промените преку settings менито, да кликнете на дисплејот и naviagation делот каде ќе може да одберете нов "gesture" интерфејс.

5. Night Mode

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Покрај тоа што изгледа добро ноќе, оваа опција заштедува голем дел од батеријата. Новиот One UI ни ја носи токму функијата која ја бараа голем дел од корисниците - Night Mode. Одете во settings, кликнете на дисплејот и одберете Night Mode.

6. Освежете ги боите

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Во display settings, може да ги промените боите на вашиот екран по желба. Изборот е меѓу поприродни и "поживи" бои.

7. Персонализирајте ја Bixby

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Следно, може да го персонализирате Bixby копчето. Во Setting менито, одберете Advanced Features и кликнете Bixby Key. Тука може да одберете меѓу низа функција - да ја активирате Bixby со два клика, наместо еден. Потоа, едниот клик на копчето може да го искористите за активирање на друга апликација.

8. Edge панели

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Истотака, постојат Edge панели кои може да бидат многу корисни. Нив може да ги персонализирате да покажуваат различни апликации или нотификации. Може да ги активирате преку Display Settings и вклучете ја Edge Screen опцијата.

9. Камера трикови

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Да преминеме на една од најинтересните апликации за сите корисници - камерата. Постојат стотици работи кои може да ги правите со нив, но најпрво ќе започнеме со settings во горниот лев агол, каде ќе ја најдете Grid опцијата. Со неа добивате посиметрични фотографии. Истотака, RAW фотографиите се одлични, особено за пејзажи и панорами. Друга корисна опција е HEIF, која го намалува форматот и големината на сликата. Последно, ги имате широкоаголните фотки, овозможени со сензорот на задната страна.

За оние кои не се заинтересирани во толку професионални фотографии, сега постои и посебно Instagram копче, преку кое одма може да го споделите вашиот пост на апликацијата.

10. Видео трикови

Samsung Galaxy S10 Plus: 10 Must-know Tips & Tricks

Во однос на видеата, една од најинтересните функции кај S10 Plus е Super Steady која овозможува супериорна стабилизација на видеата, но работи само со 1080p. Тоа значи дека треба да направите избор меѓу видео си висока резолуција или одлична стабилизација. Друга кул функција е HDR10+, со која може да снимате широкоаголни видеа, разликата веднаш ќе ја забележите. Истотака, ако снимате многу 4K видеа, ве советуваме да вклучите H265, што ја намалува големината на видеата речиси двојно.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.