x

Samsung Galaxy S10 Plus ќе доаѓа со две селфи камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јули, 2018 од GSM.mk

Следејќи ги чекорите на Google Pixel 3 серијата, според новите информации Galaxy S10 Plus ќе доаѓа со дуален систем камери на предната страна..

Иако не е познато со какви сензори и какви функции ќе доаѓаат камерите, најверојатно ќе станува збор за сличен концепт како кај Galaxy A8 и A8+. Покрај тоа, очекуваме значителни подобрувања во перформансите на камерите, особено кај bokeh ефектот и целосниот квалитет на фотографиите. Вреди да напоменеме дека двете селфи камери ќе бидат екслузивно само кај Galaxy S10+, додека другите два модели ќе имаат една леќа, слично како кај минатогодишниот Galaxy S9. 

Покрај детали за селфи камерите, новите информации потврдија неколку карактеристики со кои веќе претходно се имавме запознаено. Се на се, Galaxy S10 Plus ќе доаѓа со 5 камери - 3 на задната и 2 на предната страна. На задната страна, ќе вклучува обична, широкоаголна и телефото леќа. Како и дуалниот систем на предната страна, трите камери на задната ќе бидат достапни само кај Galaxy S10 Plus. Другите два модели ќе доаѓаат со две камери, без телефото сензорот. 

Покрај камерите, Galaxy S10 and S10+ ќе доаѓаат со скенер за отпечатоци под дисплејот. Од друга страна, помалиот модел ќе има скенер од страна. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.